Òд по облаците со новата линија Geox Nebula

Колекцијата пролет/лето 2016 на италијанскиот бренд Geox  доаѓа со специјална нова линија на уште поусовршена технологија, која овозможува лесен од, налик на чекор по облаците.

od-po-oblacite-so-novata-linija-geoc-nebula-01.jpg

Направена за оние кои се движат низ животот со незапирлива енергија, со дополнителен систем на дишење, линијата Nebula обезбедува удобност и регулација на температурата без разлика на сезоната.

Таа претставува еволуција на концептот на Geox, благодарение на новиот мрежест, внатрешен систем, кој овозможува стопалата да дишат во сите правци. Дополнително, новиот ѓон на овие обувки се карактеризира со флексибилност, мекост и стабилност. Ѓонот е дизајниран да ги следи природните точки на контакт на стопалата, а е направен од материјали кои овозможуваат леснотија во активните и исполнети денови. Сето ова е дополнето и со водоотпорноста на чевлите за уште полесно секојдневно функционирање во секакви временски услови.

Дизајнот на новите обувки од Geox е современ и софистициран, а асоцира на динамичноста на модерното секојдневие. Обувките од колекцијата за жени и мажи доаѓаат во повеќе бои, такашто нивното комбинирањето е лесен и забавен процес.

Линијата Geox Nebula со своите уникатни карактеристики и впечатлив изглед е дефинитивно нов “must-have” тренд за сезоната пролет/лето 2016.

Би можело да ве интересира:

6-те омилени плетени парчиња на Французинките и Скандинавките за оваа зима Плетени комплети, ѕвонести ракави – што е хит кај Французинките и Скандинавките ...
8 детали во изгледот кои ќе направат да делувате кралски и луксузно Волумен во косата наместо сплескана и залижана фризура, големи, но средени веѓи ...
8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации) Долго сако и ленени панталони за многу топлите денови – кои модни парчиња се дов...
Модни трендови од раните 2000-ти кои денес изгледаат смешно Некои трендови никогаш не би сакале да се вратат, на пример здолништа преку фарм...
9 ситни детали кои може да го уништат и најдобриот моден стајлинг Стегач за коса ставен на зглобот на раката, испукана јакна, тешки обетки... пора...
Нашата Сара блесна на гламурозна ревија за Dolce & Gabbana во Саудиска Арабија Интернационалниот модел Сара Стои која веќе 4 години ја гради својата кариера пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg