9 ситни детали кои може да го уништат и најдобриот моден стајлинг

Стегач за коса ставен на зглобот на раката, испукана јакна, тешки обетки... поради кои ситници ќе изгледате неубаво, дури и да сте совршено дотерани и нашминкани?

9-sitni-detali-koi-mozhe-da-go-unishtat-i-najdobriot-moden-stajling-01.jpg

Постои верување дека првиот впечаток за некоја личност го создавате во првите 6 до 8 секунди откако ќе се видите со него/неа.

Токму затоа е важно секогаш кога излегувате од дома да обрнете внимание дури и на најситните детали, кои мислите дека никој нема да ги забележи - на пример косата не ви е исчешлана или ноктите ви се поткршени...

Кои ситници (кои ги превидувате или вам не ви пречат), може да создадат погрешен впечаток за вас или да го уништат и најдобриот моден стајлинг?

Хулахопки комбинирани со шорцеви

Скоро сите хулакопки во горниот дел се направени од подебел материјал (кој треба да го стегне стомакот или половината или да ја подобри издржливоста на хулахопките).

Но, многу девојки и жени прават грешка, па ваков тип хулахопки комбинираат со шорцеви (или многу кратки здолништа) па се гледа дебелиот дел.

Ова е исто како под облеката да ви се ѕирка долната облека и воопшто не е стилски.

9-sitni-detali-koi-mozhe-da-go-unishtat-i-najdobriot-moden-stajling-09.jpg

Ластиче или стегач за коса на зглобот

Многу девојки ќе ја врзат косата во опавче пред да излезат од дома, но потоа ќе се премислат и ќе ја пуштат.

А ластичето или стегачот за коса, наместо да го стават во чанта или во џеб, го ставаат на зглобот на раката.

Оваа „алка“ не само што не делува убаво, туку и го уништува целиот изглед (и вашиот труд да се дотерате).

9-sitni-detali-koi-mozhe-da-go-unishtat-i-najdobriot-moden-stajling-10.jpg

Тешки обетки

Некои обетки може да делуваат гломазно, а да се лесни за носење, а други се ситни, но тешки и ја влечат надолу ресичката од увото.

Или пак, кога се тешки, го оптоваруваат дупчето на увото и тоа станува големо и неубаво за гледање.

9-sitni-detali-koi-mozhe-da-go-unishtat-i-najdobriot-moden-stajling-02.jpg

Прстени или алки со погрешна големина

Понекогаш избирате накит со погрешна големина, само затоа што ви се допаѓа.

Некои прстени ви се преголеми и ви паѓаат или, пак, се претесни и ви го „сечат“ прстот. Ова се однесува и на алките.

Сè што е преголемо или премногу тесно не изгледа убаво, па избегнувајте ги.

9-sitni-detali-koi-mozhe-da-go-unishtat-i-najdobriot-moden-stajling-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg