14 брзи решенија за секоја незгода со облеката

Колку пати сте се откажале да облечете нешто заради расипаниот патент, паднатото копче или извадената прерамка? Веројатно не се бројат, баш како и незгодите кои се случуваат тогаш кога не треба.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-01.jpg

Следен пат кога ќе ви треба брзо решение за некој проблем со облеката, потсетете се на овие совети:

1. Искористете тенка бакарна жица за набрзина да го „сошиете“ откаченото копче.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-02.jpg


2.
Копчето кое е пред паѓање пак, премачкајте го со безбоен лак за нокти.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-03.jpg


3.
Искористете ја гумата од молив ако ви се изгубил задниот дел од обетката. Привремено решение додека не најдете ново делче.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-04.jpg


4.
Жицата од градникот фиксирајте ја на место со фластер.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-05.jpg


5.
Ако прерамката од градникот ви се искине, само заврзете неколку јазли и зацврстете ги со делот за регулирање на должината на прерамката.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-06.jpg


6.
Патентот кој се откопчува фиксирајте го со силиконско ластиче кое ќе го ставите на копчето.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-07.jpg


7.
Поминете го патентот со молив ако тешко се отвора и затвора.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-08

 
8. Искористете некоја ситна обетка за да ги прицврстите очилата, ако ви се загуби шрафчето.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-09.jpg


9.
Користете турпија за да ги исчистите чевлите и чантите од превртена кожа.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-10.jpg


10.
Поправете ја расипаната огрлица со обични спојувалки.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-11.jpg


11.
Ви ѕиркаат прерамките под маичката? И за ова решение е спојувалката.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-12.jpg


12.
За да го спречите ширењето на искинатите хулахопки, нанесете безбоен лак на местото каде се поткинати.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-13.jpg


13.
Кога врвките од блузонот ќе ви се „изгубат,“ извлечете ги со помош на цевка.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-14.jpg


14.
Внатрешниот дел од кошулата залепете го со фластер или изолирбан, за да го избегнете ѕиркањето на градникот и градите.

14-brzi-resenija-za-sekoja-nezgoda-so-oblekata-15.jpg

Би можело да ве интересира:

Модни трикови за повозрасни жени: Што да носите за да се подмладите, без да изгледате како тинејџерк... Избегнувајте цветни принтови и давајте им предност на светлите бои. Избегнува...
Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)? Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
7 застарени модели на здолништа кои повеќе нема потреба да ги чувате Асиметрични, како и модели со тул – кои други здолништа одамна се демоде и может...
Кој е дечкото што со модниот стил и бундата од баба му го привлече вниманието на Shtip Fashion Days ... „Дефинитивно имам ексцентричен моден стил... Понекогаш и пред огледало се прашув...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg