Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото)

Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или во плакарот на мајка ви ќе го најдете нејзиниот омилен џемпер од младоста...

pleten-djemper-parche-obleka-koe-mora-da-go-imate-ovaa-esen-2024-foto-01.jpg

Плетените џемпери се враќаат во мода. И тоа, токму оние модели кои нашите мајки ги носеле пред неколку децении.

Стилистите за есен 2024 препорачуваат во својот плакар да имате барем еден ваков модел за да бидете шик и во тренд.

Најдоброто од сè е тоа што не постојат ограничувања во однос на моделот - тој може да е краток, долг, во весела боја или монохроматски, со копчиња или без, а може да го носите и со ремен...

pleten-djemper-parche-obleka-koe-mora-da-go-imate-ovaa-esen-2024-foto-02.jpg

Сепак, препораката е да изберете модел кој ќе биде широк и со крупна плетка за да се долови оној ретро момент.

Но дури и не го направите тоа, факт е дека нема да згрешите со кој и да е модел.

Погледнете ги моделите во нашата галерија и можеби ќе се инспирирате за тоа што би сакале да купите, некој да ви сплете (или да сплетете сами) или да го извадите од некој плакар омилениот ретро џемпер од мајка ви кој едвај чекавте да се врати во мода.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg