Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јасмина (28) од Скопје се облекува во тон со ќеркичката Клара (5) - во едноставни и елегантни аутфити

„Откако станав мајка спонтано почнав она што ќе го изберам за себе да го усогласам со она што би го избрала за ќерка ми, а ако треба конкретно да зборувам за стилот и модата ќе кажам дека сум личност што ја сака и негува класиката и едноставноста на елеганцијата“, вели Јасмина Божиновска (28), по професија психолог, за CRNOBELO.com.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-01.jpg

Јасмина Божиновска (28), по професија психолог/семеен и системски советник, мајка на Клара (5) и сопруга на Дејан, со семејството живее во Скопје.

Јасмина својата цврста поврзаност со ќерка ѝ понекогаш сака да ја истакне дури и со облека во тон, на што малата Клара навистина се радува.

Јасмина за CRNOBELO.com вели:

„Оној кој добро ме познава за мене би рекол дека најважен сегмент од мојот живот е ќерка ми.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-12.jpg

Можноста да се биде мајка за мене значи многу, а да се биде мајка на двојче во кое препознавам многу сегменти од себе е фасцинантна.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-03.jpg

Нашата поврзаност е многу силна и длабока, распространета на многу нивоа на кои секојдневно работам и вложувам, бидејќи по професија сум психолог и некој што ја сака уметноста, а ја применува арт терапијата во родителството и секојдневната работа.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-02.jpg

Облеката за мене претставува начин на изразување на моменталните емоции, а кога се во прашање емоциите сфатив дека многу често она што го чувствувам јас – го чувствува и ќерка ми, и обратно, колку и да не е вербално изразено и тоа е она што верувам дека секоја врска мајка-ќерка ја прави единствена.

Ова е и една од причините зошто и облеката често ни е во склад.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-04.jpg

Лично, се стремам ќерка ми да стекне чувство пред сè за себе, за своето јас, своите емоции и да најде начин да ги изрази во која било форма, па дури и преку облека.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-08.jpg

Облеката и комбинациите што ги препознавте на мојот Инстаграм профил се дел од нашето секојдневие.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...
Maкедонки облечени во тон со своите ќерки (фото) Од исти шапки до исти фустанчиња, некои мајки обожаваат да се облекуваат во тон ...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
7 тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате побогато и елегантно Полека, но сигурно, се подогтвуваме за претстојната есенска сезона. Па, ако сте ...
Антониа Гиговска - мрежест комбинезон, Каролина подискретно: Како познатите Македонки ја носат црвен... Од црвената бунда и комбинезонот на Антониа Гиговска до црвениот коктел фустан н...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg