Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јасмина (28) од Скопје се облекува во тон со ќеркичката Клара (5) - во едноставни и елегантни аутфити

Откако станав мајка спонтано почнав она што ќе го изберам за себе да го усогласам со она што би го избрала за ќерка ми, а ако треба конкретно да зборувам за стилот и модата ќе кажам дека сум личност што ја сака и негува класиката и едноставноста на елеганцијата.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-06.jpg

Не сум личност што се води по моменталните трендови. Изборот на облека и стилот кој го негувам за мене секогаш претставувале начин на израз на карактерни црти и она што сум како личност.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-10.jpg

Клара карактерно е истрајно и многу борбено девојче, кое ќе најде начин да го добие она што навистина го сака, а јас како мајка никогаш не инсистирам постојано нејзината облека да е искомбинирана со мојата.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-11.jpg

Секогаш ѝ давам личен простор да одлучи што сака да облече тој ден, но среќна сум за чувството што го имам, а тоа е дека како што расте така црпи инспирација од моите избори на повеќе нивоа, па и за облеката.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-14.jpg

За жал, низ професијата сум сведок на сè помалата конекција на мајките со своите деца, сè помало прифаќање на сопствените деца онакви какви што се, целосно непрепознавање и изгубеност во односот, па затоа она што сакам да го постигнам како мајка на едно девојче е да ја научам дека секогаш ќе ме има покрај неа.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-05.jpg

Но да ја научам и на вредноста на времето кое треба да го помине сама со себе, да ја научам да се запознае себеси, да научи како да распознае што сака, а што не, а облеката и изборот што ѝ го давам секогаш кога треба да одлучиме за некоја комбинација ми служат како алатка во ова“.

jasmina-28-od-skopje-se-oblekuva-vo-ton-so-kjerkichkata-klara-5-09.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка (6) од Охрид се облекуваат во тон и имаат кул моден стил „Уште кога останав бремена знаев дека ќе имам ‘matching’ комбинации со моето дет...
Maкедонки облечени во тон со своите ќерки (фото) Од исти шапки до исти фустанчиња, некои мајки обожаваат да се облекуваат во тон ...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
7 тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате побогато и елегантно Полека, но сигурно, се подогтвуваме за претстојната есенска сезона. Па, ако сте ...
Антониа Гиговска - мрежест комбинезон, Каролина подискретно: Како познатите Македонки ја носат црвен... Од црвената бунда и комбинезонот на Антониа Гиговска до црвениот коктел фустан н...
Модни парчиња и додатоци што жените со добар вкус ги избегнуваат сезонава (и што носат наместо тоа) Розови аутфити и многу големи очила - кои модни додатоци и облека излегуваат од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg