7 застарени модели на здолништа кои повеќе нема потреба да ги чувате
Асиметрични, како и модели со тул – кои други здолништа одамна се демоде и можете да се ослободите од нив без грижа на совест?
Ако сте како повеќето жени, сигурно чувате облека што ја немате облечено неколку години.
Некои парчиња можеби веќе не ви се точни, некои се искинати или со дамки кои не се перат, а некои, едноставно, веќе не се во мода.
Ако чувате некоја облека бидејќи ве потсетува на убави моменти или поради некоја друга слична причина, слободно чувајте ја.
Но, ако чувате облека која не ви се допаѓа многу и сте ја купиле само бидејќи некогаш била тренди, можеби треба да се ослободите од неа.
Седум модели на здолништа кои дефинитивно се демоде и треба да се ослободите од нив:
Асиметрично здолниште
Пред неколку години, асиметричните здолништа беа најголем хит, а доста популарни беа и асиметричните фустани.
Но, овие модели не им стојат добро на сите, па ги заменивме со долги, со рамен крој.
Молив здолниште
Кога станува збор за деловни комбинации, овие здолништа уште се популарни.
Но, за дневни и вечерни излегувања, попопуларни се пошироките модели, особено од тексас со шлиц напред.
Здолниште до колена
Уште еден модел кој не им стои добро на сите бидејќи визуелно ги крати нозете.
За истакнување на нозете, сега се популарни пократките модели, но исто популарни се и долгите здолништа.
Здолништа со тул
Овие здолништа се премногу впечатливи за дневен изглед, а освен ако не се изработени од квалитетен материјал, можат да изгледаат и „евтино“.
Ако сакате нешто слично, подобро купете памучно здолниште украсено со тантела.
Модели со големи принтови
Цветовите се чини секогаш се во мода, но она што се менува е нивната големина.
Сега огромните цветови се сметаат за застарени, додека малите принтови повторно се вратија во мода.
Здолниште „балонер“
Овие модели се по малку чудни, тешки се за комбинирање и се чини дека им стојат добро само на манекенки.
Многу подобро изгледаат едноставните кратки и пошироки здолништа.
Ѕвонести здолништа
Овие здолништа се широки во средината, а потоа се стеснуваат кон работ.
И, поради ова изгледаат чудно.
Спирова С. | Црнобело