Прекрасни се мажите кои внимаваат на деталите
Постојат мажи кои освен со погледот, пленат и со многу други работи на кои секојдневно внимаваат.
Вистинскиот маж знае кои детaли го прават него моќен, а животот поубав.
Часовник
Вистинскиот маж носи часовник. Тој знае како да го планира времето и како да си ги организира обврските. Знае колку секоја минута е важна, скапоцена и може да го промени животниот век. Ја прави разликата помеѓу време за работа и време за одмор. Свесен е дека најубавите часови од денот се оние кои ќе бидат преполни со нежност, времето кое и го подарува на својата сакана.
Паричник
Оној маж кој ги расфрла сметките и парите по сите џебови, изгледа неуредно. Постојат паричници и мажите знаат како да ги носат. Прекрасен пак е оној маж кој е по малку ретро и во паричникот носи слика од својата сопруга.
Запалка
Дури и да не е пушач, мажот во својот џеб би требало да има запалка за да биде кавалер во ситуација кога неговата девојка, сестра, колешка ќе нема запалка за цигарата.
Вратоврска
Пред се, знае сам да ја врзе. Знае и тоа дека таа треба да одговара на оделото и кошулата. Одбира еднобојни или суптилно дизајнирани вратоврски, а не со големи шари и принтови во весели бои.
Ремен / чевли
Златното правило на вистинскиот маж е дека бојата на чевлите мора да одговара со бојата на ременот.
Чадор
Иако не се плаши од дождот, мажот би требало во облачните денови на дофат на рака секогаш да има чадор, под кој би ја прегрнал неговата Единствена.
Парфем
Дека жената без парфем нема иднина важи и за мажот. Мажот би требало да го одбере оној парфем кој најмногу би му одговарал на неговиот стил, оној по кој жените ќе се вртат.
Свеќи и цвеќе
Вистинскиот маж е внимателен. Купува цвеќе за својата жена, мајка, сестра... Порачува вечера, постила чаршаф, става свеќи и ја изненадува својата сакана со романтична вечера.
Автор: М.К. | Црнобело