Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023

Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа гостите на доделувањето на наградите Маж на годината 2023, кое се одржа вчеравечер (20.12) во хотелот Хилтон во Скопје.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-01.jpg

Изборот за Маж на годината беше доволна причина гостите да се дотераат и да го покажат својот стил.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-09.jpg

Најмногу внимание привлекоа дамите со шеширите, но и еден маж кој на гала забавата дојде облечен во црвен костум со црвен шешир.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-07.jpg

Наградата Маж со најмногу стил ја доби оперскиот пејач Иван Наумовски, кој за гала забавата избра црн костум со дискретни светки, во комбинација со црна кошула и елек.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-14.jpg

Подеднакво впечатлив беше и проф. д-р Светозар Антовиќ, кој ја доби главната награда за Маж на годината (заедно со колегите од неговиот тим). Тој на забавата беше облечен во црн костум со детали од кадифе.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-02.jpg

Ни дамите не потфрлија во изборот на облеката.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-06.jpg

Особено впечатливи беа пејачките Калина Велковска и Полина Тасева, кои двапати настапија пред гостите.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-16.jpg

За првиот настап двете пејачки избраа долги фустани, Полина со светки и шлиц до колкот, а Калина со карнери и асиметричен – долг одзади, а напред краток.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-15.jpg

За вториот настап носеа кратки фустани, едната во црвена, а другата во црна боја.

dami-i-mazhi-so-sheshiri-svetkava-obleka-modata-na-izborot-mazh-na-godinata-2023-11.jpg

Погледнете дел од највпечатливите модни изданија на изборот за Маж на годината 2023 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg