Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каква фризура е во тренд?

kakva-frizura-e-vo-trend-povekjeПриродниот изглед на косата е прaвило број еден кога се во прашање фризурите за оваа сезона. Долгокосите тоа ќе го постигнат со природен пад...

 

...на косата разделена на средина, а оние кои сакаат кратка коса можат да се потшишаат необично. Бојата на косата мора да биде колку што може поприродна.

Долга коса kakva-frizura-e-vo-trend-1

Ако имате долга коса, оваа сезона се препорачува да ја носите пуштена во слободен пад. Од боите се препорачуваат природните тонови, од златна до црна.

Темнокафеавата нијанса е повторно „ин“, но ако сакате да бидете повпечатливи одберете ја црвената боја. Што се однесува до формата се препорачува рамна коса, но може да биде и степенасто шишана.

Шишките можете да ги заборавите сезонава, посебно кога станува збор за долга коса. Без разлика на тоа дали имате права, благо прекршена или кадрва коса, оваа сезона дозволете и природен изглед со патец на средината.

Заборавете на тешките гелови и препарати за обликување и дозволете и на вашата коса да биде слободна!

kakva-frizura-e-vo-trend-2Кратка коса

Фризурите кои оваа година ги прославија Katie Holmes, Victoria Beckham, Kelly Osbourne, Rihanna, Michelle Obama и Halle Berry, и понатаму се „ин“.

Кај кратката коса не важи правилото без шишки, па можете да си дозволите прекривање на челото. Најпопуларни сезонава се оние фризури во кои шишките паѓаат дијагонално од едната на другата страна, а остатокот од косата не е строго обликуван.

Собрана коса

Трендовите кои сезонава ги промовираат врвните стилисти наложуваат посета на салон доколку сакате собрана коса. Имено собраната коса сезонава е малку крута и строго дефинирана.

Ако сакате тренди фризура подигнете ја косата од челото кон темето, па потоа спојте ја во најнеобични облици. Сезонава исто така во тренд остануваат и плетенките, уредни и стегнати, но и пунџите украсени со најразлични додатоци за коса.

Би можело да ве интересира:

Кардиган облечен наопаку – зимски тренд што ги освои инфлуенсерките (фото+видео) Кога ќе го облечете кардиганот наопаку, со копчињата на грбот, како да имате пот...
Бурак Озџивит не ги одлепува рацете од сопругата, Бурак Ардуч не старее: Турските актери издоминираа... Туба Бујукстун и Бурак Озџивит со сопругата Фахрије Евџан, беа дел од турските ѕ...
Браво! Нашиот модел Сара Стои чекореше на ревија за брендот Rocco Barroco во Помпеја Модното шоу наликуваше на вистински спектакл, а се одржа на специфичен локалитет...
Впечатливи фустани во силни бои ако сте гостинка на летна свадба (фото) Црната е безвременска класика, но ова лето засенете ги сите со фустан во впечатл...
7 вида обувки кои вредат „за сите пари“ - може да се комбинираат со сè Апостолки, бели патики - кои обувки може да ги комбинирате со секаква облека и д...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg