7 вида обувки кои вредат „за сите пари“ - може да се комбинираат со сè

Апостолки, бели патики - кои обувки може да ги комбинирате со секаква облека и да ги носите долго време?

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-01.jpg

Понекогаш, кога купуваме обувки за некоја специјална пригода, знаеме дека ќе ги облечеме само еднаш или можеби двапати.

Но, многу почесто сите избираме обувки кои ќе може да ги носиме долго и да ги комбинираме со секаква облека.

Кои обувки вредат „за сите пари“ затоа што можете да ги комбинирате со сè?

Бели патики

Последниве неколку години, патиките се комбинираат со секаква облека, дури и со свечени фустани.

Белите патики се вистински погодок, единствено треба да го одберете моделот кој ќе е најсоодветен за облеката што ја носите.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-02_copy.jpg

Апостолки

Најверојатно најдобриот избор за летни обувки се апостолките - одговараат на секој тип на облека, а изгледаат одлично на нога.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-14.jpg

Класични балетанки

Овие обувки или ги сакате или ги мразите, но вистината е дека може да се носат на секаква облека и им одговараат на сите, без исклучок.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-02.jpg

Сандали во неутрална боја

Сигурно имате сандали во силни, дречливи или темни бои.

Но, според стилистите, секоја жена мора да има барем еден пар во посветла и неутрална боја - крем или бели, на пример.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-03.jpg

Сандали со ремчиња и дискретни украси

Секогаш е добро во плакарот да имате барем едни сандали кои ќе можете да ги носите во посвечени пригоди.

Затоа изберете сандали со ремчиња и дискретни светкави украси.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-05_copy.jpg

Обувки со животински принт

Без оглед дали станува збор за сандали, балетанки или класичен модел на чевли, во вашиот плакар мора да има барем едни обувки со животински принт.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-04_1.jpg

Плетени обувки од природни материјали

Сеедно дали ќе изберете рафија папучи или чевли на плута - плетените обувки од природни материјали одговараат на повеќето модни комбинации, а поради материјалот од кој се изработени, се и лесни за носење.

7-vida-obuvki-koi-vredat-za-site-pari-zashto-mozhe-da-se-kombiniraat-so-se-09.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg