Бремената Блејк Лајвли во светкав фустан кој го истакна стомачето (фото)
Пред само 1 седмица Блејк ја објави својата бременост, а вчера за прв пат се појави со трудничкото стомаче на црвениот тепих во Њујорк.
27-годишната актерка присуствуваше на доделувањето на Golden Heart наградите.
Блејк буквално го истакна својот труднички сјај во светкава тоалета со шампањ боја, по која беа расфрлани бели и виолетови цветови.
За време на интервјуто за E! Блејк за прв пат зборуваше за мајчинството и како отсекогаш сакала да се чувствува како мајка.
„Доаѓам од големо семејство. Јас сум најмладата од сите пет, што значи дека никогаш не сум се грижела за некој од моите браќа и сестри. Сепак, таков тип на човек сум, што секогаш сакам да си играм со туѓите дечиња, па отсекогаш го сакав тоа чувство на мајчинство.“