Адријана Лима никогаш попровокативна
Бразилската убавица во новата кампања покажува зошто ја сметаат за една од најпровокативните жени во светот.
За последната колекција на Victoria’s Secret сексапилната Лима направи сет фотографии на кои изгледа тотално провокативно, но и неодоливо секси.
Иако веќе одамна ги полудува мажите ширум светот, во вакво издание одамна не уживале.
Линијата на долна облека која уште повеќе го истакнува нејзиниот сексапил, веќе наидува на бројни позитивни коментари.
Таа навистина знае како најдобро да го покаже и она што го облекува, но и она што го соблекува.
Тантела, ластици, ременчиња, танга гаќи се проверен рецепт за привлекување внимание, а уште ако ги носи и Адријана Лима, тогаш сигурно нема да можете да го тргнете погледот.