7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време
Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - кои се зимските парчиња што ги избегнувавме (и од кои се срамевме) во тинејџерските години, но сега со задоволство ги носиме кога ќе залади?
Повеќето од нас во младоста не сакаа да носат дебели волнени ракавици или хулахопки дури ни на екстремно ниски температури. Повеќе внимававме на изгледот, отколку на тоа да ни биде топло.
Но, денес, кога сме повозрасни, веќе не се срамиме од својот изглед и конечно носиме парчиња облека или аксесоари со кои ќе се загрееме, бидејќи удобноста ни е пред изгледот.
Од кои зимски парчиња веќе не се срамиме и без проблем ги облекуваме кога температурите се под нулата?
Рамни чизми наместо високи потпетици
Точно е дека ногата изгледа многу поубаво кога носите висока потпетица.
Но, ризикот да се лизнете на снег или мраз е многу поголем кога сте на потпетица, наместо на рамни обувки.
Токму затоа многу жени со годините решаваат да ги заменат чизмите со потпетица со рамни чизми.
Во рамните чизми е и полесно (и побрзо) да се пешачи, отколку на потпетици.
Чорапи врз хулахопки
Како деца не сакавме да носиме хулахопки, иако родителите нè тераа.
Денес, за да ни биде топло, самите врз хулахопките облекуваме и дебели чорапи и не се срамиме од тоа.
Плетени ракавици
Иако кожените ракавици делуваат поелегантно и повпечатливо, плетените држат повеќе топлина.
Освен тоа, се растегнуваат, па ако прстите ви „смрзнат“, ќе можете полесно да ги стоплите.