Хеланки и уште 7 модни парчиња кои мајките со стил не треба да ги носат во училиштето на децата

Облека со длабоко деколте, проѕирни и разголени делови на телото, тренерки и штикли во кои едвај се движите се големо модно промашување за посета на училиштето на вашето дете... 

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-01.jpg

Се ближи 1-ви (односно 2) септември, а со тоа и првиот школски ден, приредби, родителски средби и други посети на училиштето од страна на мајките (и татковците).

Но, покрај многуте грижи, обврски и активности поврзани со училиштето, тука е и впечатокот кој ќе го оставите кај наставниците, другите родители и соучениците на детето.

Иако можеби мислите дека воопшто не е важно како сте облечени, сепак треба да внимавате на облеката, а посебно се фокусираме на жените. 

Нема да навлегуваме во тоа што треба да носите, бидејќи секој си има свој стил, но сепак постојат некои парчиња кои треба да ги избегнувате за официјална посета на училиштето на вашето дете.

Погледнете кои парчиња облека да ги избегнувате, за да оставите впечаток на пристојна и стилска мајка, а не без вкус:

Фустаните од чипка, со корсет, како и мини фустаните, оставете ги за друга прилика

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-02.jpg

Дречливи парчиња облека кои оставаат впечаток како да сте дошле од забава

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-03.jpg

Превисоки штикли (во кои едвај одите и изгледате смешно)

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-04.jpg

Тренерки и хеланки кои делуваат како да не се грижите што сте дошле во училиште, туку како да одите на прошетка

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-05.jpg

Облеката со длабоко деколте не е соодветна за школски средби

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-11.jpg

Проѕирни парчиња облека се премногу провокативни за посета на училиште

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-07.jpg

Премногу шарени парчиња облека кои делуваат несериозно

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-10.jpg

Кроп-топ со гол стомак и парчиња облека со разголен грб се големо НЕ

helanki-i-ushte-8-modni-parchinja-koi-majkite-so-stil-ne-treba-da-gi-nosat-vo-uchilishteto-na-decata-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg