7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време
Плетени ролки
Ако во минатото не сакавте да носите ролки, сега знаете дека тие ќе ве стоплат повеќе отколку обичните џемпери со отворено деколте.
А, и мора да признаете, плетените ролки изгледаат навистина привлечно.
Капут со крзно
Можеби капутите со крзно ви делуваа смешно или ги гледавте на повозрасните, па ги доживувате како „облека за стари“.
Тие денес ви се омиленото парче облека, бидејќи, освен што изгледаат добро, истовремено и ќе ве стоплат, а нема потреба да носите шал.
Хулахопки со два слоја
Овие хулахопки, кои се имитација на „најлонки“, имаат два слоја – горниот е тенок (црна, сива или крем боја), а долниот дебел и секогаш во боја на кожата.
Па иако визуелно ќе делува дека носите тенки хулахопки, всушност на ногата ќе имате хулахопки кои се (во некои случаи) подебели од хеланки.
Дебели шалови
Дали кога бевте во тинејџерските години некој можеше да ве натера да ставите шал или марама да се стоплите?
Денес, не само што е првата работа на која помислувате пред да излезете од дома, тука најверојатно имате и неколку шалови, во различни бои и со различни дебелини.
А. Ј. | Црнобело