Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Модни грешки на работа

Знаеме не е едноставно да се биде примерно облечен на 40 степени. Горештината просто не мами да ги соблечеме вишокот парталчиња од себе, па дури и...

...кога сме на работа. Сепак, бидете пристојни и избегнете ги овие неопростиви модни грешки:

1. Гради без градник
Градите кои слободно скокаат наоколу не се знак на еманципирана жена и оставаат многу лош впечаток за вас, колку и да мислите дека надразнети брадавици се секси! Облечете градник. Деколте е секси, но умерено - да не ви излезат градите секој момент од “амбалажата“.

2. Проѕирни бели панталони
Најчесто откриваат колку сакате танга или чипкан долен веш! Подобро е одоздола да носите гаќи со боја на кожата.

3. Чорапи на сандали
Сандали и отворени чевли најубаво е да ги носите на боса нога, иако сега е во тренд на нив да носите и доколенки. Но, таквите лудории препуштете ги на модните експерти.

4. Фармерки ниско на колкови
Не е во ред сите кои проаѓаат низ канцеларијата да ги видат вашите гаќи кои безобразно ѕиркаат низ вашите ниски панталони. Затоа одлучете се за покласичен модел.

5. Претесна мајца
Што потопло - толку пократка и тесна мајца. Погрешно - и во професионален и моден поглед. Кожата се лади и полесно дише кога мајците се пошироки, а и салцето околу струкот помалку се забележува.

6. Мини сукња
Во ред, малку кратка сукња може да помине на работа, но само ако знаете да ја носите одмерено и имате убави нозе, но микро сукњичките оставете ги за во диско или на плажа.

Би можело да ве интересира:

Zara чевли со илузија на голи стапала ги поделија мислењата - Си ги купи и наша инфлуенсерка И додека нашата модна инфлуенсерка Стефани Христов вели дека едвај чека да напра...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 стилски модни комбинации за тазе породени мајки (на кои комфорот им е на прво место) Телото на жените во бременоста и по породувањето се менува многу, и сосема е нор...
Популарни парчиња облека кои почнуваат да стануваат демоде Проѕирни хулахопки, балетанки... Кои се парчињата облека и модните додатоци кои ...
5 причини зошто да си купите комплет здолниште и сако + предлог комбинации за оваа зима (фото) Удобен е и безвременски, а речиси и да нема пригода за која не можете да облечет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg