Zara чевли со илузија на голи стапала ги поделија мислењата - Си ги купи и наша инфлуенсерка
И додека нашата модна инфлуенсерка Стефани Христов вели дека едвај чека да направи комбинација со нив, една тиктокерка вели дека тој што ги смислил треба да биде казнет. Би облекле ли ваков тип на чевли?
Стефани Христов е наша модна инфлуенсерка, со повеќе од 10.000 следбеници, која обожава да експериментира со модата.
Па, така беше и со најновите чевли, кои се пофали дека ѝ пристигнале на домашна адреса.
Станува збор за чевли од брендот „Zara“ кои се мрежести и на нив имаат принт од женски стапала.
На прва и од далеку изгледа како да се транспарентни и како да се гледаат стапалата на девојката што ги носи.
Стефани се пофали на Инстаграм со чевлите, кои ги поделија мислењата.
И додека на некои им се допаѓаат овие чевли, други коментираат дека се монструозни и дека тој што ги смислил треба да биде казнет.
Погледнете го ТикТок видеото во кое една девојка ги критикува и на крај се шегува дека ѝ одговараат на ноктите:
;@bronterose_ jail time for this one honestly 💀 #zara #zarashoes #feetshoes #boyfriendreacts
♬ 10 minutes! Fashionable and bright jazz piano(1127989) - nyansuke
С. С. | Црнобело