5 причини зошто да си купите комплет здолниште и сако + предлог комбинации за оваа зима (фото)

Удобен е и безвременски, а речиси и да нема пригода за која не можете да облечете комплет од здолниште и сако.

5-prichini-zoshto-da-si-kupite-komplet-zdolnishte-i-sako-predlog-kombinacii-za-ovaa-zima-foto-01.jpg

Еден од омилените аутфити за оваа зима е комплет од здолниште и сако.

А, има и многу причини зошто.

Пет причини зошто оваа зима да си купите комплет од здолниште и сако:

Одличен избор за кога не знаете што да носите

Кога ништо од гардероберот не ви се допаѓа, комплетот од здолниште и сако е секогаш добар избор.

Без многу труд ќе изгледате тренди и елегантно.

Се адаптира на сечиј стил

Оваа комбинација изгледа добро со штикли, со чизми, со ниски чевли…

Мoжете дa ја носите со ролка, џемпер, кошула, со впечатлив или минималистички накит.

Опции има безброј и сигурно можете да го вметнете комплетот во вашиот стил, без разлика каков е.

Совршен е за секоја пригода

Со чизми за на работа, со штикли за вечерно излегување, со ниски чевли за полежерно излегување – речиси и да нема пригода за која не можете да облечете комплет од сако и здолниште.

Удобен е и топол

Здолништето и сакото се одлични за слоевити комбинации, а оние од подебел материјал ќе ве стоплат во зима.

Секако, само треба да си купите и дебели хулахопки.

Безвременски е

Комплетот од здолниште и сако бил хит уште во ’80-тите, а популарноста сигурно нема да му се намали.

Што значи, вреди да дадете и повеќе пари бидејќи ова е аутфит што сигурно ќе го носите со години.

Неколку предлог комбинации:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg