Пирели календар 2010
Историјата на календарот Pirelli датира од 1964 година кога се појавило првото издание, чија цел била да се поклони на муштериите и верните соработници...
...на производителите на автомобилски гуми Pirelli.
На сите ви се познати оние голи убавици кои ги красат кабините на камионите, ѕидовите во викендичките и гаражите - па токму таков е и почетокот на овој календар.
Со тек на време станува најбаран календар на светот затоа што во него почнуваат да се појавуват најбараните лица од модниот свет.
![]() |
![]() |
Новиот календар за 2010 година ќе го красат моментално најактуелните - Миранда Кер, Аби Ли Кершо, Дејзи Лов, Кетрин МекНил, Лили Кол, Енико Михалик, Рози Хантингтон Вајтли, Грејси Карваљо, Марлос Хорст, Ана Беатриз Барош и Георгина Стојилковиќ, а фотограф е откачениот Тери Ричардсон.
![]() |
![]() |
Снимањето е направено во Бразил а во обработката не се користи Фотошоп.
Она што е карактеристично за овој календар е фактот дека Пирели и понатаму се печати само во 5.000 примероци и не може да се купи, туку традиционално стигнува на одбрани адреси од Пирелиевиот адресар.
![]() |
![]() |
Би можело да ве интересира:





