Шик фустани кои треба да ги имате во плакарот (и со кои ќе блескате до крајот на летото)

Од летото не останува уште долго, но тоа не значи дека не можете да блеснете во полн сјај и во последните денови на август, па и во септември.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-01.jpg

Купувањето гардероба секогаш зависи од сезоната во која се наоѓаме и избираме работи кои се модерни во моментот.

Но, пред крајот на летото, стилистите препорачуваат фустани чии модели не само што се тренди оваа сезона, туку дел од нив се вечна класика, а други ќе се носат и во текот на следната година.

Затоа, бидете шик во текот на овие месеци и погледнете какви фустани се во мода:

Фустани со карнери и набори

На прерамки, со широки ракави, лелеави модели, па дури и со колан од истиот материјал - овие фустани се вечна летна класика и не излегуваат од мода.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-05_copy.jpg

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-06_copy_copy.jpg

Фустани со цветови

И овој принт е во мода оваа сезона, но стилистите препорачуваат тоа да се дезени со крупни цветови, наместо ситни и шарени цветчиња.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-07_copy.jpg

Геометриски фигури на фустаните

Заборавете на точките - наместо тоа изберете модели со неправилни геометриски фигури кои се многу повпечатливи, но и модерни.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-08_copy.jpg

Фустани на преклоп

Кога купувате вакви фустани, обрнете внимание на материјалот - тој не треба да е крут, туку лесен, да паѓа убаво и да ги истакне атрибутите на телото.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-03.jpg

Фустани од тантела

Ова е уште една класика, особено ако фустанот е со крој во вид на буквата А и ја нагласува половината, а под тантелата ѕиркаат нозете.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-02.jpg

Модели со гол грб

Овие фустани се секогаш совршен избор - само тоа нека биде модел кој нема да ве „стиска“ и да ви го набира грбот.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-10_copy_copy.jpg

Плетени фустани

Плетените фустани се една од најдобрите опции за крајот на летото - телото „дише“, удобни се и многу шик.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-09.jpg

Макси фустани

Многу жени мислат дека долгите, макси фустани не им стојат, но факт е дека тие се совршени за сите - само треба да го изберете моделот кој најмногу одговара на обликот на вашето тело.

shik-fustani-koi-treba-da-gi-imate-vo-plakarot-i-so-koi-kje-bleskate-do-krajot-na-letoto-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg