Облека за сечиј плакар
Освен мало црно фустанче има уште неколку основни парчиња облека што ќе ве поштедат од мислата „Немам што да облечам“. Ако ги имате основните...
... модни парчиња, без оглед на вашиот стил и расположение, секогаш ќе имате низа добри комбинации на располагање.
Црна маичка без ракави: Ваква бела маичка е соодветна за дневни, опуштени седенки додека црната може да се носи со сè од мини сукња до каки панталони.
Фармерки: Вреди да се потрошат повеќе пари на фармерки што навистина добро ви стојат.
Бела памучна блуза со долги ракави: Белата боја не мора да ве прави подебели, изберете тесна, но не припиена, бела блуза со долги ракави.
Каки панталони: Без фалти и подвиткани рабови - изберете едноставни панталони за секој ден.
Црна ролка: Одберете ролка од добар материјал што нема да се рашири
Бела кошула: Изберете некоја во ваш стил, но најпрактична е едноставната кошула со нормална должина - може да се стави во панталони, а не изгледа неуредно и ако се носи пуштена.
Џемперче со копчиња: Одберете боја што најлесно ќе може да ја комбинирате со остатокот од вашата гардероба.
Црни панталони: Изберете материјал што може да се носи во секое годишно време, не премногу тенки, не премногу дебели.
Тексас јакна: Никогаш не излегува од мода и може да ви се најде за вечерн прошетки во пролет и есен.
Фустан: Имајте еден или два класични модела на фустани - тоа не значи дека треба да бидат премногу обични, туку дека треба добро да ви стојат и да се чувствувате удобно во нив. Изберете ја омилената боја или уште подобро, имајте еден шарен, а еден еднобоен што со различни модни додатоци секогаш ќе изгледа различно.