Летото се ближи - пречекајте го со рамен стомак

Освен од естетски причини, салото околу стомакот е лошо и за здравјето. Всушност, тоа е дна од најопасните телесни маснотии. Здебелувањето околу струкот е показател дека нивото на хормонот за стрес е превисок и дека се создаваат опасни воспаленија во телото.

letoto-se-blizi-precekajte-go-so-ramen-stomak-01

Постојат само неколку едноставни навики кои може да го спречат овој проблем:

1. Интервален тренинг

Можете да вежбате цел ден, но мускулите нема да се видат ако се затрупани со слоеви маст. За да постигнете рамен стегнат стомак, во склоп на тренингот треба да примените и кардиоваскуларни вежби. На пример, обидете се да скокате на јаже или пак да трчате на домашна лента.

2. Не прескокнувајте оброци

Прескокнувањето на оброците често пати е главниот причинител за салото околу стомакот. Во телото расте апетитот и се зголемува складирањето на маснотии токму во стомачниот предел, па затоа најпрепорачливо е да консумирате повеќе мали оброци во текот на денот, наместо да се прегладнувате.

3. Подалеку од слатките

Шеќерот е смртен непријател на рамниот стомак. Затоа, ако сакате да се засладите, при рака секогаш имајте свежо или суво овошје.

4. Внесувајте повеќе витамин Ц

Витаминот Ц најмногу го има во брокулата, пиперките и уште неколку здрави зеленчуци, а е многу важен за производство на карнитинот, кој телот го користи за претворање на мастите во енергија.

5. Зголемете го внесувањето на здрави масти

И овде треба да бидете умерени. Здравите масти од авокадото, оревите и маслинките, можат да ви пружат огромно чувство на ситост. Овие намирници ќе го забрзаат метаболизмот благодарение на омега-3 масните киселини.

6. Сон

Студиите докажале дека премалото количество на сон или лошиот квалитет на сонот може да доведе до дебелеење, зголемена желба за храна, како и зголемен ризик од срцеви болести и дијабетес. Квалитетниот сон е наједноставниот начин на кој можете да го одржите вашето здравје.

7. Опуштете се

Кортизолот е хормонот кој го регулира стресот. Кога сте под стрес, нивото на кортизол расте. Тоа може да доведе до дебелеење или пак да ви ги намали шансите за намалување на некој килограм. Затоа, секој ден по барем неколку минути треба длабоко да дишете и да си пронајдете време за опуштање.

Би можело да ве интересира:

8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Работи што ги носиме погрешно во зима (без да размислиме за последиците) Синтетички хулахопки, качулка врз капата... Каде најчесто грешиме кога е во праш...
Топло, а елегантно: 9 практични совети за комбинирање зимска облека Дебелите зимски чорапи се лош избор ако постојано ви студи, а истото важи и за ф...
Модни оптички илузии: Како да ги скриете деловите од телото што не ви се допаѓаат? Нагласете ги деловите од телото што ги сакате со хоризонтални линии – кои други ...
Најчести грешки што ги правиме кога избираме летна облека (поради што се потиме повеќе) Избираме светла облека, но во тесен модел; купуваме облека во боја која ви е оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg