Модни оптички илузии: Како да ги скриете деловите од телото што не ви се допаѓаат?
Нагласете ги деловите од телото што ги сакате со хоризонтални линии – кои други трикови ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно?
Секоја жена има барем еден дел од телото што не го сака. Но, не значи дека мора да го криете овој дел од телото кога избирате облека.
Треба само да знаете некои трикови кои ќе ви помогнат да го одвлечете вниманието од него.
Неколку модни трикови кои се како оптички илузии и ќе ви помогнат во ова:
Користете темни бои за најшироките делови од телото
Не мора да носите само црна облека ако сакате да скриете некој дел од телото.
Слободно експериментирајте со бои, само на пошироките делови што сакате да ги прекриете ставете потемна нијанса.
Ако, на пример, сте загрижени за горниот дел од телото, тогаш горе носете нешто темно, а долу светло.
Вертикалните линии визуелно ослабуваат
Ова е веќе добро познато правило, но вреди да се повтори.
Вертикалните линии секогаш визуелно го издолжуваат телото.
Нагласете дел од телото со хоризонтални линии
Ако сакате да истакнете некој дел од телото, тогаш искористете дезен со хоризонтални линии.
Ако, на пример, тоа се задникот и колковите, акцентирајте ги со панталони или здолниште со хоризонтални линии.
Комбинирајте контрастни бои
Паметно поставените дезени со контрастни бои можат да направат да изгледате како да имате потполно различна фигура на телото, како фустанот што го носи Кејт Винслет на фотката подолу.
Асиметричниот крој го крие стомачето
Ако сакате да го скриете стомачето, облечете сако или блуза со асиметричен крој.
Впечатливиот крој го одвлекува вниманието од стомачето.