Модни оптички илузии: Како да ги скриете деловите од телото што не ви се допаѓаат?
Експериментирајте со една-две хоризонтални линии
Ако сакате долниот дел од телото да ви изгледа послаб, тогаш на горниот облечете нешто со една-две хоризонтални линии.
Издолжете ги нозете со висок струк
Панталоните и здолништата со висок струк можат визуелно да ви ги издолжат нозете.
Во овој случај важно е панталоните или здолништето да бидат долги.
Експериментирајте со големи и мали принтови
Комбинирајте мали и големи принтови во зависност од тоа што сакате да го нагласите.
На пример, за да ги нагласите градите, на горниот дел од телото оставете поглем принт или детаљ, а на долниот нешто посуптилно.
Истакнете ја половината со боја
За да ја истакнете половината, искористете колан со повпечатлива боја.
Секако, важно е оваа боја да биде складна со останатата облека.
Истакнете еден дел за да прекриете друг
Ако сакате да го прекриете задникот или стомачето, тогаш ќе го одвлечете вниманието од овие делови на телото со гол грб или, пак, со висок шлиц.
Генерално, откријте ги деловите што сакате да ги покажете и ќе го свртите фокусот кон нив.
Спирова С. | Црнобело