Топло, а елегантно: 9 практични совети за комбинирање зимска облека

Дебелите зимски чорапи се лош избор ако постојано ви студи, а истото важи и за фармерките. Па, како да се облечете за да ви биде топло, а истовремено да изгледате елегантно и со стил?

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-01а.jpg

Дали сте од оние луѓе на кои секогаш им студи, па не размислуваат што ќе облечат само за да им биде топло? Многу луѓе често грешат при изборот на материјалите или дезените, но и парчињата облека што ги избираат.

Уште и ако се облечете во слоеви, веројатноста дека ќе направите грешка е многу голема.

Па, како да ја комбинирате зимската гардероба, да ви е топло, а сепак да изгледате елегантно?

Прочитајте ги овие практични совети:

Фармерките не се најдобар избор за студено време

Иако се практични, фармерките нема да ве стоплат, особено кога температурата ќе падне под нулата.

Дури и да облечете хулахопки.

Наместо тоа, изберете панталони од волна или твид.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-03.jpg

Јакна со синтетичко полнење е подобра опција од јакна од природни материјали

Јакната која е од природни материјали ќе ве стопли.

Но, ако ненадејно ве фати дожд или снег, природниот материјал ќе ја пропушти водата, а тоа не се случува со синтетичките материјали кои се поиздржливи и најчесто не пропуштаат вода.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-05.jpg

Дебелите чорапи нема да ве стоплат

Ако чорапите се премногу дебели, вашите стапала ќе се изладат побрзо.

Наместо еден пар дебели чорапи, подобро е да облечете два пара тенки чорапи.

А, доколку се решите за 2 пара чорапи, прво облечете синтетички чорапи, бидејќи тие побрзо ќе се исушат ако ви се испотат стапалата.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-02.jpg

Тесната облека нема да ве загрее повеќе од широката

Некои луѓе мислат дека колку е потесна облеката (а со тоа и позалепена до нивното тело), толку ќе им биде потопло.

Мора да има малку воздух помеѓу материјалот и кожата.

Телото постојано произведува топлина и го загрева воздухот, а за да не ни студи, овој топол воздух мора слободно да циркулира под облеката.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg