Топло, а елегантно: 9 практични совети за комбинирање зимска облека

Ако на јакната има капа, таа нека е со крзно

Крзното на јакната не е поставена само од естетски причини, туку и за да ве стопли ако дува или температурите се во минус.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-06.jpg

Плетените ракавици штитат подобро од кожените

Многу луѓе преферираат кожени ракавици, но факт е дека плетените ќе ве стоплат многу подобро.

Изберете боја и модел кој ќе ви одговара најмногу на стилот на облекување и парчињата облека кои се наоѓаат во вашиот плакар.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-04.jpg

Кошулата или блузата ставете ги во панталоните

За да не ви студи, во текот на зимата носете ги кошулата или блузите во панталоните.

Изгледот дополнете го со ремен или сако – топло и со стил.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-09.jpg

Облеката во слоеви е прифатлива, но важен е материјалот

Облекувањето во слоеви е идеално за студените денови, а со додавањето или соблекувањето парчиња облека, ќе ја задржите идеалната температура на телото.

Но, запомнете, кога се облекувате „слоевито“, важен е изборот на материјал.

Облеката што е најдолу, односно во контакт со кожата, треба да биде од материјал кој не задржува влага, односно кој се суши побрзо.

Бидејќи, ако се испотите и маицата ви остане влажна долг период, секако дека ќе ви биде студено.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-08.jpg

Заштитете ги глуждовите

Колку и да не сакате да носите чорапи или чизми, во зима е важно да ги заштитите глуждовите.

Ако се голи (дури и само да имате тенки хулахопки), многу е веројатно дека ќе ви застуди „од нозе“ и дека нема да можете да се стоплите лесно.

toplo-a-elegantno-9-praktichni-soveti-kako-da-ja-kombinirate-zimskata-garderoba-10.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg