Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заблуди за убавината

zabluda-za-ubavinata-povekjeПостојат безброј различни начини за негување на телото. Некои ни се чинат дека се универзални, но често тоа може да биде заблуда. Проверете дел од нив:

 

Заблуда: Сапунот е одлично средство за миење на кожата

Точно е дека сапунот најдобро ја чисти кожата. Имате чувство дека кожата ви е како “гума“, а прстот само што не “чкрипи“ кога поминувате по површината. Но, по сапунот вашата коѓа е незаштитена се додека не се обнови zabluda-za-ubavinata1природната рамнотежа на површинскиот слој.

Најсигурен начин за чистење сепак се млекото, кремата или гелот за чистење. ВО последно време може да се најде и сапун кој ја негува кожата, но сепак бидете внимателни со нив.

Заблуда: Шампонот го губи влијанието ако косата се навикне на него

Шампонот ја отстранува маснотијата на косата, остатоците од производите за стилизирање и сл., баш како и сапунот кој ја чисти кожата.

Регенераторот, пак, ја храни и хидратизира т.е. ја прави сјајна. Некои шампони содржат состојки кои одржуваат влажност на косата и даваат “мокар изглед“ кој остава впечаток на масна коса, иако штотуку сте ја измиле.

Заблудата дека шампонот ги губи својствата ако косата се навикне на него, потекнува токму заради ова. Многу е важно убаво да се отстранат и шампонот и регенераторот по миењето.

Заблуда: Кремата со фактор 30 нуди дупло поголема заштита од онаа со фактор 15

Во реалноста SPF 30  нуди само 4% поголема заштита од онаа со SPF 15. Клучот на добрата заштита е во нанесување дебел слој, избегнување на сонцето од 11 до 16 часот и постојано обновување на слојот крема.

Се препорачува нанесување на секој 2 часа, половина час пред излегување на сонце. Посебно нежни делови и секогаш изложени на сонце - уши, нос, рамена.

Заблуда: Пократок сон, поголеми подочници

Најчест извор на подочниците се проширените капилари кои се забележуваат преку тенката кожа. Затоа и заслугата е со генетичко потекло. Темните подочници можат да бидат исто така резултат на сезонска алергија, слаба циркулација, премногу сол во храната или да укажуваат на некоја болест.

Сонот е поврзан со подочниците само затоа што додека спиеме циркулацијата се забрзува, а со тоа се исфрлаат штетните материи.

За да ги намалите подочниците обидете се со внесување доволна количина на течности, витамин Ц, избегнувајте задимени простории и преголемо заморување на очите. Исто така, се препорачува пиење чај од коприва.

Би можело да ве интересира:

Моден двобој: Каролина Гочева vs. американска актерка - која го носи подобро фустанот од македонска ... Црната креација од македонската дизајнерка Моника Димова, Каролина ја носеше во ...
Како да ги изберете вистинските панталони според обликот на телото? Постојат парчиња облека кои никако не смееме да ги носиме, а само поради обликот...
Обојте го сивилото: Предлог аутфити со хит Adidas патиките од велур – колоритни и впечатливи Со фармерки и џемпер или кул јакна, но и со здолништа и сакоа - модерните девојк...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...
Македонци со впечатлив стил: Голманот Столе Димитриевски е спортска модна икона (фото) На терен е секогаш во дрес, кога е во Македонија на собир со фудбалската репрезе...
Лелеави фустани, кежуал комбинации, капчиња - Каков е стилот на Каролина Гочева кога не е на сцена? Модниот стил на Каролина Гочева на сцената и во приватниот живот се разликува мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg