Обојте го сивилото: Предлог аутфити со хит Adidas патиките од велур – колоритни и впечатливи
Со фармерки и џемпер или кул јакна, но и со здолништа и сакоа - модерните девојки ги носат хит колоритните Adidas патики на секакви комбинации и не се препуштаат на здодевни монохроматски аутфити ниту во зима.
За оние кои не се предаваат на монотоните аутфити ниту во зимските денови, овие Adidas патики во силни и впечатливи бои се идеален избор.
Инфлуенсерките и трендсетерките ги обожаваат, а зависно моделот може да се најдат во повеќе бои со храбри комбинации.
Па доколку не сте сигурни како може да се усогласат со вашиот зимски аутфит розовите, црвените, зелените или портокаловите патики – издвојуваме предлози кои ќе ви послужат како инспирација.
М. М. | Црнобело