Како да ги изберете вистинските панталони според обликот на телото?

Постојат парчиња облека кои никако не смееме да ги носиме, а само поради обликот на телото. Ова не се однесува само на здолништата, фустаните и блузите, туку и на панталоните. Какви модели да бирате, а што да избегнувате? 

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-01.jpg

Фармерките можеби им се омиленото парче облека на голем број жени, но ништо помал не е ни бројот на жени кои сакаат да носат панталони.

А, за да изгледате убаво и привлечно, потребно е да изберете модел кој најмногу ќе му прилега на обликот на вашето тело.

Каков облик на телото имате и кои панталони ќе ви стојат најдобро?

Превртен триаголник

Ако имате широки раменици, тесни колкови и недефинирана линија меѓу половината и колковите, вашиот облик на тело е превртен триаголник.

Избегнувајте тесни панталони припиени на нозете.

Избирајте панталони со рамни или широки ногавици и со повисок струк.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-03.jpg

Песочен часовник

Ако имате тесна половина, а горниот дел од телото и колковите ви се со иста големина, тогаш имате тело со облик на песочен часовник.

Избегнувајте широки панталони и тренерки.

Избирајте потесни модели на панталони кои ќе ви ја нагласат половината, на пример модели со висок струк (со или без ремен).

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-06.jpg

Форма на крушка

Ако имате убаво дефинирана половина, тесни раменици и широки колкови, вашето тело е во облик на крушка.

Избегнувајте модели со џебови поради кои колковите ќе ви делуваат уште пошироки, но и тесни панталони.

Избирајте модели со висок струк, широки или рамни од колената надолу.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-05.jpg

Форма на правоаголник

Овој тип на тело е лесно препознатлив по тоа што рамената, половината и колковите се со иста линија.

Избегнувајте рамни панталони кои дополнително ќе ја нагласат рамната линија на вашата силуета.

Избирајте панталони со низок струк или до папокот - карго панталони, со долги ногавици, ногавици свртени нагоре, со големи џебови...

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-04.jpg

Форма на јаболко

Ако имате тесни колкови, изразена половина и голем задник, тогаш вашето тело е во форма на јаболко.

Избегнувајте панталони со висок струк.

Избирајте панталони со широки ногавици, со џебови на задникот или од страните за визуелно да се добие впечаток на облини кај колковите.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-pantaloni-spored-oblikot-na-teloto-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg