5 бои со кои и најобичните фармерки изгледаат стилски
Ретко која комбинација е впечатлива како фармерки и црвена боја.
Фармерките биле и ќе останат омиленото парче за лежерни аутфити, најмногу бидејќи лесно се комбинираат со сè.
Нема да погрешите со ниту една боја во комбинација со фармерки.
Но, со следниве пет, и најобичните модели ќе изгледаат стилски:
Кафеава како чоколадо
Секогаш популарна, бојата на чоколадо изгледа особено добро со фармерки.
Никогаш нема да погрешите со оваа боја, особено за поелегантни комбинации.
Пастелна жолта
Бојата што се најавува како хит за оваа пролет е одлична во комбинација со фармерки.
Создава одличен контраст и ја нагласува бојата на фармерките.
Црвена
Ретко која комбинација е впечатлива како фармерки и црвена боја.
Изгледа особено добро со комбинации за постудено време.
Беж
Иако фармерките се за полежерни комбинации, беж нијансите, исто како бојата на чоколадо, им даваат доза елеганција.
Тегет
Комбинации со фармерки и тегет џемпер, блуза или кошула изгледаат мошне добро и префинето.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





