5 трикови за ниски девојки: Како да изгледате стилски во широка облека?
Избегнувајте контрастни бои и давајте им предност на монохроматските комбинации кои визуелно го издолжуваат телото.
Пониските девојки знаат дека не е воопшто лесно да направат комбинација со широка облека во која нема да изгледаат уште пониско.
Но, не значи дека е невозможно.
Трикови што ќе ви помогнат да изгледате стилски во широка облека, без разлика на вашата висина:
Вертикални линии
За визуелно да го издолжите телото, вметнете вертикални линии во комбинацијата.
И, вертикалните линии не се однесуваат само на дезени на облеката – ист ефект постигнува и изразениот раб на панталоните, шлицот на здолништето и слично.
Комбинирајте широк горен дел со здолниште со рамен крој
Ако носите широка јакна, кошула, блузон и слично, избегнувајте да носите и широки панталони.
Најдобро е широките горни делови да ги комбинирате со здолниште со рамен крој, како тексас модел, со миди должина.
Уште подобро ако здолништето има шлиц.
Ако е студено, за дополнително да го издолжите телото, ставете и шал кој ќе виси од едната страна.
Високи чизми со мини здолниште
Високите чизми, особено ако имаат штикла, визуелно ќе ви ги издолжат нозете.
Ист ефект имаат и мини здолништата.
Па, оваа комбинација е најдобра за широки џемпери и сакоа.
Избегнувајте контрастни бои
Монохроматските аутфити визуелно го издолжуваат телото, па се добар избор за широка облека.
Нагласете ја половината
Кога ќе ја нагласете половината со колан, нозете ќе ви изгледаат подолги.
Ова е одличен трик за кога сакате да носите пошироки панталони со широк џемпер.
Спирова С. | Црнобело