Спортски и шик е новиот тренд кој девојките низ светот го обожаваат – како да го ископирате? (фото)

Ако некогаш беа наменети само за вежбање, денес тренерките се дел од многу модни аутфити за секакви пригоди кај девојките кои следат трендови – некои едвај чекаа, а други сметаат дека е претерано.

sportski-i-shik-e-noviot-trend-koj-devojkite-niz-svetot-go-obozhavaat-kako-da-go-iskopirate-foto-01.jpg

Многу почесто низ улиците, кафулињата и на социјалните мрежи гледаме девојки кои носат спортски парчиња облека во комбинација со штикли, кошули и сакоа.

Голем број модни куќи и познати брендови лансираа модели на долни тренерки во колекциите за 2025-та, кои се носат како панталони во стајлинзи за секаква намена, па очекувано се наметна трендот кој се нарекува спортски и шик. 

sportski-i-shik-e-noviot-trend-koj-devojkite-niz-svetot-go-obozhavaat-kako-da-go-iskopirate-foto-02.jpg

Изгледа тренерките веќе не се само за вежбање, туку стана делумно нормално да се појавите со нив и на настани каде се очекува да бидете подотерани.

Дали и вие едвај чекавте тренерките да станат дел од модните трендови или сметате дека е претерано да се оди со тренерки и штикли?

Ако сакате да се инспирирате, погледнете неколку такви аутфити:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg