Предлог комбинации за вечерно излегување (за кога немате инспирација)
Детаљ со леопардски принт или црно „од глава до пети“ – неколку предлог комбинации за вечерно излегување.
Ако сте како повеќето жени, сигурно честопати сте во ситуација кога немате поим што да облечете, без разлика што имате полн гардеробер.
Доколку сте во слична дилема, можеби ќе ве инспирираат нашите предлози кои се тренди, но и удобни, а со тоа совршени и за во ноќен клуб.
Предлог комбинации за вечерно излегување:
Леопардски принт
Ако немате идеја, но сакате да привлечете внимание, нема да погрешите со леопардски принт.
Најдобро е да одберете едно парче или детаљ со леопардски принт, а во остатокот од комбинацијата нека доминира понеутрална боја.
Комбинација од нијанси на какао и карамела
Две нијанси кои изгледаат одлично во комбинација.
Со овие бои најдобро изгледа златниот накит.
Плетен фустан
Плетените фустани се одлични за миговите кога немате енергија за правење комбинации.
Можете да направите минималистичка комбинација, со суптилен накит и чанти и чевли/чизми во иста боја.
Мини здолниште и високи чизми
Една од омилените комбинации на инфлуенсерите секогаш изгледа добро.
За да ја дополните, додајте колан и суптилен накит.