Адријана Лима се врати по 6 години, сестрите Хадид издоминираа на пистата: Спектакуларно шоу на Victoria’s Secret 2024

Некогашниот најпопуларен ангел Адријана Лима (43) имаше спектакуларно „враќање дома“, откако го напушти брендот, па мачеше мака со килограмите, Тајра Бенкс го затвори шоуто, а на пистата прошетаа и Кејт Мос, Ирина Шајк, Ешли Греам. Како изгледаше шоуто на Victoria's Secret по 6 години пауза?

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-01_copy.jpg

Вчеравечер во Њујорк се одржа спектакуларното модно шоу на Victoria's Secret, прво по 6 години, откако во 2018-та го имаше своето последно издание.

Ревијата ја отвори Џиџи Хадид, а шоуто заврши со појавувањето на Тајра Бенкс.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-36_copy_copy.jpg

Но, сепак, најголемото изненадување беше спектакуларното враќање на Бразилката Адријана Лима (43) која во 2018-та го напушти брендот.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-34.jpg

Враќањето на Лима беше главна тема во дел од светските медиуми уште од моментот кога организаторите открија дека таа ќе се појави на пистата во Њујорк.

Многумина се сомневаа дека некогашниот најдобар ангел на Victoria's Secret ќе биде во топ форма, по неколкуте години во кои мачеше мака со вишокот килограми.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-14.jpg

Но, таа излезе победнички на пистата и покажа дека ни тоа што е во петтата деценија, а ни тоа што има 3 деца, не ѝ може ништо и дека и понатаму е меѓу најдобрите.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-16_copy_copy.jpg

Лима се појави двапати на пистата, во црн и црвен секси аутфит, а коментарите на социјалните мрежи се дека изгледа како во најдобрите денови.

Таа на својот Инстаграм профил сподели моменти од подготовката за шоуто и се пожали дека е изморена, но дека едвај чека да излезе на пистата.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-04.jpg

Враќање во шоуто имаше и Александра Амбросио, која заедно со Лима долги години беше носител на целиот моден настан.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-23.jpg

Но, оваа година, фокусот беше на сестрите Хадид.

Ревијата спектакуларно ја отвори Џиџи Хадид, облечена во розов аутфит со розови крилја.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-08.jpg

Нејзината сестра Бела, пак, од фановите на социјалните мрежи го доби епитетот „кралица на шоуто“.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-17.jpg

На ревијата на Victoriа’s secret, која првпат се одржа во 1995 година, сега се појавија и Ирина Шајк, Кејт Мос и нејзината ќерка Лили, Ешли Греам, а ревијата ја затвори Тајра Бенкс.

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-33.jpg

Погледнете го видеото од ревијата (почнува на 14:25):

Повеќе фотографии од шоуто:

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-06.jpg

90905579-13964237-image-a-108_1729052934745.jpg

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-35.jpg

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-33_copy.jpg

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-32.jpg

adrijana-lima-se-vrati-po-6-godini-sestrite-hadid-izdominiraa-na-pistata-spektakularno-shou-na-victoris-s-secret-2024-31.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модно шоу со скриена моќна порака и уште 2 ревии на отворањето на Shtip Fashion Days 2024 Во мистичната атмосфера на стариот погон на фабриката „Македонка“, беа промовира...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Убавата велешанка Татјана (21) доминираше на ревија на светски бренд во Франција (видео) Нашата Татјана Јанушева - Тати (21), која веќе неколку години гради интерна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg