8 модни детали кои додаваат години (и изгледате постаро од она што сте)

Чизми до под листот на ногата, хулахопки со сјај - некои парчиња облека додаваат години и прават да изгледате повозрасно од она што сте.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-01.jpg

Сакате да изгледате младешки, а истовремено и елегантно и модерно? Во желбата да го постигнете тоа, понекогаш добивате сосема спротивен ефект и наместо да делувате помладо од она што сте, вие несвесно си додавате години.

И сето тоа, само поради погрешниот избор на гардероба или модни детали кои ѝ додаваат години на секоја жена, без оглед на нејзината вистинска возраст, па затоа треба да ги избегнувате.

Кои се најчестите грешки што ги прават жените, а кои додаваат години?

Многу класични парчиња во една комбинација

Ако имате поконзервативен стил на облекување, ќе делувате елегантно во секоја комбинација. Но не претерувајте и не комбинирајте сè одеднаш.

На пример, на палто од твид не мора да ставите кошула со машна и бисерно ланче, туку може да изберете поедноставен накит или под палтото да носите едноставна маичка/кошула.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-07.jpg

Хулахопки со сјај

Овој тип на хулахопки е „застарен“  и не е во мода - подобро изберете црни или крем мат хулахопки кои делуваат пософистицирано.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-03.jpg

„Затворена“ облека

Избегнувајте парчиња кои ве покриваат целосно, од врат до петици (освен ако не носите ролка).

Фустаните или блузите со висока јака и предолги ракави додаваат години - наместо тоа изберете модели со ¾ ракави и повпечатлив отвор на вратот.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-02_copy_copy.jpg

Црно од глава до петици

Избегнувајте да комбинирате црна облека од глава до петици (освен ако тоа не е црн фустан).

Додадете малку свежина во изгледот, со барем едно светло парче.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-08.jpg

Долг фустан или здолниште

Иако многу жени обожаваат долги фустани или здолништа кои „се влечат“, според стилистите тие додаваат години, па подобро е да изберете пократок модел за да ви се гледаат нозете.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-09.jpg

Панталони со ластик

Овој тип на облека најчесто се поврзува со повозрасните жени, ја прикрива половината и не изгледа нималку привлечно.

Затоа е подобро да изберете панталони со широк појас, отколку модел со ластик.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-05.jpg

Чорапи кои се гледаат од патиките

Многумина носат високи чорапи на патики дури и во комбинација со кратки панталони.

Но, ова прави ногата да ви делува подебела, „ја сече“ визуелно и додава години на вашиот изглед.

Затоа е препорачливо да изберете кратки чорапчиња кои ќе бидат скриени во патиката.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-04.jpg

Чизми до под листот на ногата

Кога купувате чизми, тие нека бидат или кратко до над глуждот или високи.

Чизмите со „чудна“ висина, кои се до под листот на ногата додаваат години и прават да изгледате постаро од тоа што сте.

8-modni-detali-koi-dodavaat-godini-i-izgledate-postaro-od-ona-shto-ste-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
7 зимски парчиња од кои веќе не се срамиме и конечно ги носиме на екстремно студено време Рамни и топли чизми наместо високи потпетици и плетени ракавици кои нè топлат - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg