Моден водич за мажи: Лекции од Микеле Мороне за да изгледате како италијански заводник

Костум со класичен крој, фармерки кои ја следат линијата на телото. Модниот стил на Микеле Мороне е лекција за сите мажи што сакаат да изгледаат како вистински заводници, самоуверено и со стил.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-01.jpg

Италијанскиот актер Микеле Мороне стекна огромна популарност со ликот на дон Масимо во филмот 365 Days на Нетфликс, а важи за голем заводник со беспрекорен стил, кој каде и да се појави привлекува внимание.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-02.jpg

Тој денес е заштитно лице на повеќе брендови и учествува во голем број модни кампањи, а во продолжение издвојуваме неколку модни правила со коишто тој се придржува при изборот на облеката и стилот.

Во продолжение преку повеќе фото-примери, ќе се обидеме до кои модни правила се придржува актерот, за да го задржи статусот на секс симбол и заводник:

Класични костуми со добар крој

Во опуштено издание може да го видите само во фармерки и бела маичка, но кога се појавува на црвениот тепих Микеле секогаш избира класични костуми кои ја следат линијата на неговото тело.

Никогаш нема да згрешите ако изберете темносини костуми и во темносива боја.

Може да ги искомбинирате со класична бела кошула или ако сте за „побунтовна“ верзија со обична маичка.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-03.jpg

Не треба да изгледате евтино ниту во секојдневните изданија

Дури и во секојдневните изданија, Микеле внимава на изгледот, па носи пантолони или фармерки што ја следат линијата на неговото тело, искомбинирани со едноставни кошули или маички.

За поопуштен изглед може да го искомбинирате со кожена јакна, или, пак со едноставен блејзер.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-07.jpg

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-08.jpg

Модните додатоци не се само за жени

Забележително е дека Микеле секогаш избира мал број на впечатливи модни додатоци.

Впечатлив часовник или едноставна кожена бразлетна се она што најчесто може да се забележи на неговите раце.

Освен тоа, тој секогаш носи очила што му додава доза мистериозност и го надополнува неговиот комплетен стил.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-04.jpg

Изберете квалитетни чевли

Понекогаш е доволно да имате само два пара чевли, но тие треба да бидат квалитетни и да изгледаат убаво.

Изберете квалитетни класични чевли за формалните изданија, и чизми за поопуштените излегувања.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-10.jpg

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-09.jpg

Самодовербата е клучна

За крај, мора да се нагласи дека заводливоста на Микеле не е само производ на тоа што го носи, туку и како го носи.

Може да ги имате и најскапите парчиња облека, но пак нема да зрачите со сексапил ако самодовербата ви е на ниско ниво.

moden-vodich-za-mazhi-lekcii-od-mikele-morone-za-da-izgledate-kako-italijanski-zavodnik-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg