6 трендови од Модната недела во Париз што ќе бидат хит оваа есен

Покрај леопардскиот принт, и комбинацијата од кратко здолниште со долг мантил станува популарна кај модните инфлуенсерки.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-01.jpg

Кон крајот на септември се одржа Модната недела во Париз.

Овој период се одржуваат ревии на врвните модни дизајнери, а посетителите ја користат можноста да го покажат својот уникатен моден стил.

И, Модната недела честопати е предвесник на трендовите што ќе доминираат.

Шест трендови од Модната недела во Париз што ќе бидат хит есенва:

Леопардски принт

Леопардскиот принт се смета за неутрален бидејќи може да се комбинира со секакви парчиња, во секакви бои.

Изгледа одлично на еден детаљ, како чанта или чевли, но ако сте похрабри, не двоумете се дали да облечете капут или здолниште со леопардски принт

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-02.JPG

Кратко здолниште со долг мантил

Ако сакате да носите мини здолништа, но не сакате да изгледате многу разголено, тогаш комбинирајте ги со долг мантил.

Оваа комбинација е одлична и за есенските денови.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-03.JPG

Струкирано сако или палто

Периодов популарни се широките палта, но хит стануваат и струкираните модели.

Најдобро изгледаат во комбинација со здолниште, а стојат добро на секакво тело бидејќи ја истакнуваат половината.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-04.JPG

Светки и монисти во дневни комбинации

Ако сакате да изгледате впечатливо, тогаш не ги чувајте светкавите парчиња само за вечерни излегувања.

Светкавите фустани комбинирајте ги со нешто поедноставно, како еднобоен мантил.

Или, пак, едноставната облека комбинирајте ја со впечатлива светкава чанта.

Во овој случај важно е да не претерате, односно само еден дел од гардеробата да биде со светки, а сè останато да биде минималистичко.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-05.JPG

Црни монохроматски комбинации

Кога не сте сигурни што да облечете, никогаш нема да погрешите со црна боја.

Можете да ги комбинирате кои било црни парчиња и модни додатоци и ќе добиете одличен аутфит.

Можете да го подолните изгледот со минијатурен златен или сребрен накит.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-06.JPG

Реси

Иако некој период не беа популарни, се чини есенва повторно ќе гледаме реси.

Покрај елеците и чантите, сезонава популарни се и здолништата со реси.

6-trendovi-od-modnata-nedela-vo-pariz-so-kje-bidat-hit-ovaa-esen-07_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни трендови кои брзо се прославија, но уште побрзо исчезнаа Нападна шминка со многу коректор и впечатливи бои за коса, како розова – кои се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg