6 модни совети за оваа есен – ќе изгледате стилски и кога е врнежливо

Наместо јакна, облечете елегантен мантил за дожд, а минималистичките комбинации дополнете ги со капче со животински принт.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-01.jpg

Поради променливото време кое доаѓа со есента, немаме многу голема слобода при изборот на облека како во лето.

Сепак, некои парчиња и детали ќе ви помогнат да се истакнете, дури и на врнежливо време.

6 модни совети за оваа есен:

Елегантен мантил за дожд

И наједноставната комбинација може да изгледа многу подобро ако додадете елегантен и долг мантил за дожд.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-02.jpg

Облека со „весели“ бои

Иако наесен повеќето преферираат неутрални нијанси, многу добро можат да изгледаат и повпечатливите бои.

Со облачното време, светлите бои ќе создадат одличен контраст, особено за Инстаграм фотки.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-03.jpg

Тексас

Фармерките, како и здолништата и јакните од тексас веќе се класика и изгледаат добро во секоја сезона.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-04.JPG

Мокасини со голем ѓон или кратки чизмички

Мокасините со голем ѓон се тренди и оваа есен, а одлично ги надополнуваат есенските комбинации.

Истото важи и за кратките чизмички кои се совршени за дождливо време.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-05.jpg

Кожна јакна во комбинација со здолниште или фустан

Кожните јакни (и мантили) се идеални за есенските денови, а ако сакате повпечатлива комбинација, носете ги со здолништа и фустани.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-06.jpg

Капа со животински принт

Животинските принтови не излегуваат од мода.

А, капите со животински принт се одличен додаток за минималистичките есенски комбинации.

6-modni-soveti-za-ovaa-esen-kje-izgledate-stilski-i-koga-e-vrnezhlivo-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg