Палта кои ќе бидат хит за есен 2024

Мантилите и кожeните јакни ставете ги на страна... Кои 5 вида на палта се најдоа на модните писти оваа сезона?

mantilite-ne-se-na-spisokot-jakni-koi-kje-bidat-hit-ovaa-esen-01.jpg

Ако постои свето тројство меѓу есенските палта, тоа се дефинитивно мантилите, кожeните јакни и „oversize“ сакоата.

Тие се во тренд секоја есен, но оваа година е време нешто да се промени.

На светските модни писти веќе се појавија новите трендови за сезоната есен/зима 2024 година.

Од ревиите започнувајќи од Џил Сандер, па сѐ до Шанел, можеме да заклучиме дека есенските палта оваа година ќе се носат во 5 облици: тексас јакни, јакни со животински принт, елеци, сакоа во силни бои и пончо.

Тексас јакни

Тексас јакната доживува заслужена ренесанса. 

Таа може да се комбинира со едноставни парчиња облека, но и со нешто малку посвечено, со патики и со балетанки.

Годинава ќе можете да ја најдете во разни големини и дезени.

Џинс-бомберот е моделот што годинава го избраа ѕвездите на уличната мода.

Јакни со животински принт

Доколку ви се допаѓа животинскиот принт на облека, тогаш имаме одлична вест за вас: јакните и сакоата со овој дезен ќе бидат хит оваа есен.

Јакните и палатата со животински принт годинава беа дел од ревиите на истакнатите модни брендови како Кристијан Диор и Баленсијага. 

За уште похрабар изглед – додадете соодветна чанта или капа со истиот принт.

Елеци

Елеците ќе бидат ултра модерни оваа сезона.

Фунционалноста и практичноста ги врати елеците во мода.

Може да се комбинираат и со дуксери, но и со елегантни кошули.

Сакоа во светли и силни бои

Светлите сакоа се совршен контраст на пригушените тонови на есента.

Црвено, зелено и жолто сако искомбинирајте со гардероба во неутрална боја.

Пончо

Во центарот на внимание оваа година на модната недела во Њујорк беше пончото.

Практично е за есенските временски неприлики и може да се комбинира и со патики и со чизми.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Хелен Рут (95) е најмодерна баба во светот - некогаш работела во фабрика, а денес на Инстаграм има н... На Инстаграм ја следат светски ѕвезди како Ријана, Мајли Сајрус, Гвен Стефани......
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои. Невоз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg