Балон здолништата се враќаат во мода - 4 идеи како да ги комбинирате

Дали имате вакво парче гардероба во вашиот плакар? Лесно се комбинира и на лето и на зима.

povtorno-se-vrakjaat-vo-moda-4-nachini-kako-da-iskombinirate-balon-zdolnishte-01.jpg

Балон здолништата кои беа многу популарни во 80-тите, повторно се враќаат во мода.

Маната на овие здоништа е што може да ве направат пониски и покрупни, па затоа многу е важно добро да ги искомбинирате во зависност од вашата конструкција.

Доколку сте пониски изберете здолниште што е над колена и нема голем волумен.

Доколку имате тело како песочен часовник и широки колкови, ова здолниште искомбинирајте го со тесна маица или кошула.

Жените со крушковидна форма на телото треба да изберат балон здолниште кое се шири од струкот надоле, додека жените кои имаат стомак или заоблен струк треба да изберат здолниште што има подигнат, дефиниран појас.

View this post on Instagram

A post shared by ANTO MASSONI (@antomassoni)

Во продолжение 4 начини како може да ги искомбинирате балон-здолништата: 

Лежерна комбинација

Балон-здолништето искомбинирајте го со едноставна маица, балетанки или патики.

Елегантна комбинација

Изберете здолниште до колена или подолго од колената.

Искомбинирајте го со сако или кошула, а високите потпетици ќе ја комплетираат целата комбинација.

Вечерна елеганција

Изберете балон-здолниште изработено од сатен или свила и искомбинирајте го со корсет.

Улична мода

Балон-здолништето искомбинирајте го со дуксер, патики до глужд или чизми.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои. Невоз...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
7 модни парчиња без кои ниту една жена не треба да тргне на одмор, според експерт Како да изгледате модерно на фотките од одмор, без цел ден да ве болат нозете од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg