Стилот на познатите Македонки во лето 2024 - удобни и лесни фустани за секоја пригода
Најчест избор во гардероба на познатите дами од Македонија летово беа фустаните, а ги комбинираа со високи потпетици, но и со рамни чевли.
Познатите дами кај нас се доказ дека фустаните се најдобар избор да ви биде удобно, а притоа да изгледате шик и модерно во топлите летни денови.
Во зависност од пригодата, тие фустаните ги комбинираа со сандали, патики, но и со високи потпетици.
Постојат разни комбинации кои може да ги пробате кога носите фустан, а ова се некои од изборите што ги напправија познатите Македонки ова лето 2024:
Миа Костова
Инфлуенсерката Миа Костова секогаш одбира парчиња гардероба кои одлично ја истакнуваат нејзината фигура.
Миа летово фустаните ги комбинираше со сандали и балетанки, а накитот е задолжителен за секоја пригода.
Ивона Јо
Пејачката за својот 28-ми роденден, кој го славеше со две различни забави, одбра класични, црни фустанчиња, кои одлично се комбинираат и со патики и со високи потпетици.
Откако ослабе, фустаните се најчестиот избор на Ивона и за настап, но и за секојдневните активности.
Маја Кикириткова
За роденденот на сопругот, дизајнерката и инфлуенсерка Маја Кикириткова, избра миди фустан во животински принт, а во ист таков комплет со животински принт беше облечена и нејзината ќерка Ева.
На Инстаграм профилот на Маја има многу фотографии од нејзините модни комбинации и фустани кои ги носи летово, а кои можеби ќе ви послужат како инспирација.
Ања Ветерова
Пејачката, која ќивее на релација САД - Македонија, направи одлична комбинација на тексас фустан и високи потпетици.
Модерно и удобно во исто време.
Уште четири на следната страница...
Би можело да ве интересира:





