Модни трикови со кои ќе изгледате одлично и на 45+ години

Со палта разбијте ја монотонијата на едноставните комбинации, избирајте шорцеви во соодветна должина... Како да изгледате одлично и откога ќе наполните 45+ години?

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-01.jpg

Како што поминуваат годините, многу жени го задржуваат стариот стил на облекување што го имале во младоста.

Сепак, стилистите велат дека стилот мора да се менува со текот на времето и дека некои работи кои сме ги носеле на 30 години, не се соодветни на 45+.

Токму затоа, ако сте во оваа категорија дами, или се приближувате кон оваа возраст, прочитајте ги советите од стилистите и одберете ја омилената гардероба, но во малку поинаков стил.

Ова се модните трикови кои треба да ги применувате за да изгледате одлично:

Носете соодветни шорцеви

Кратките панталончиња од под кои ќе се ѕирка задникот се соодветни за тинејџерките, но не и за дамите во средни години.

Затоа, ако сте љубител на шорцеви, колку и да сте слаба и згодна, сепак изберете подолг модел, кој ќе биде малку над коленото.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-06.jpg

Внимателно избирајте панталони

Според стилистите, штом надминете 45 години, треба да ги спакувате панталоните со цветни принтови и да ги оставите во минатото.

Исто така, не е препорачливо да носите хеланки со кратки маички, особено ако имате неколку килограми плус - во овој случај маичките треба да се подолги и да ве покријат.

Најсоодветни се класични панталони или панталони со широки ногавици, кои ќе паѓаат лесно и ќе ја следат линијата на телото.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-08.jpg

Додајте волумен на облеката

Наместо тесни парчиња кои ќе бидат припиени за телото, изберете облека со волумен, која изгледа привлечно - само треба да го најдете соодветниот модел.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-07.jpg

Палто/сако за секоја пригода

Палтото во светла боја, палтото со копчиња или она со необичен крој, ќе ѝ даде живост на класичната модна комбинација, без оглед дали носите фармерки, здолништа или фустани.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg