Модни трикови со кои ќе изгледате одлично и на 45+ години

Црната е во мода

Црната боја е секогаш соодветен избор, без оглед дали ќе облечете фустан, или ќе направите комбинација од панталони и кошула/маичка.

Но, додајте и малку дискретен накит за да го освежите целиот аутфит.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-02.jpg

Маичките ставете ги во панталоните

Маичката ставена врз панталони или здолниште, визуелно додава барем 5 години, па затоа, ставајте ја внатре во панталоните и задржете го младешкиот изглед.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-04.jpg

Цветните дезени се минато

По одредена возраст (45+) навистина треба да заборавите на цветните дезени. Тие се посоодветни за тинејџерките и младите девојки.

Но, ако не сакате да се откажете од нив, бидејќи ви се омилен принт, тогаш изберете подискретни цветови, кои се стопуваат со моделот и бојата на гардеробата и делуваат „смирено“ и нежно.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-09.jpg

Спортска јакна

Во зима веќе не треба да носите јакни од вештачко крзно, туку некоја полежерна варијанта.

Затоа стилистите препорачуваат да изберете кратка спортска јакна, која може да се комбинира скоро со сeкаков тип на облека.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-05.jpg

Не се плашете од модели со ремен

Дури и да немате мала и нагласена половина, не е грев да облечете облека со ремен.

Тоа може да е фустан со ремен или, пак, панталони и фармерки, па кога ќе ја ставите блузата во панталоните, да ја нагласите половината со коланот.

modni-trikovi-so-koi-kje-izgledate-odlichno-i-na-45-godini-10.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg