Лелеави фустани, кежуал комбинации, капчиња - Каков е стилот на Каролина Гочева кога не е на сцена?
Модниот стил на Каролина Гочева на сцената и во приватниот живот се разликува многу. Како се облекува нашата поп-принцеза кога не настапува?
На сцената Каролина е секогаш вистинска дама, без оглед дали носи долг фустан, панталони или кратко фустанче. Што и да облече, никогаш не греши.
Изборот на облека за своите концерти и настапи секогаш им го доверува на врвни професионалци - наши стилисти и модни дизајнери, кои се чини, поради нејзината градба (ѝ стои буквално сè), немаат проблем да го изберат најдоброто.
А надвор од сцената пејачката преферира полежерен стил - патики, искинати фармерки, маички комбинирани со кошула, широки, лелеави фустани и рамни чевли или сандали, а честопати носи и капчиња и најчесто избира чанти што се носат преку рамо.
И сето ова е дополнето со интересен накит.