Најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL облека (и како да ги коригирате)
Црната боја не е секогаш најдобриот избор, блузата не треба да ја ставате над панталоните или здолништето... Стилистка, која и самата носи XL облека, открива кои се најголемите грешки што ги прават дамите кои носат иста големина.
Обемот на телото и големината на облеката што ја носите не треба да биде пречка да се дотерувате како сакате. Но, сепак постојат работи кои треба да ги комбинирате внимателно за да покажете стил, вели модната стилистка Марина Каменскаја, која и самата е „плус сајз“.
Таа открива кои се најголемите модни грешки што ги прават дамите кои носат L и XL и советува како да ги исправите.
Црната облека не „намалува“ килограми секогаш
Една од најчестите заблуди е дека црната боја ќе ви ја „коригира“ линијата на телото.
Точно е дека ако носите црна облека може да изгледате послабо, но тоа не значи дека сè во црна боја ќе ви одговара.
Комбинирајте различни текстури и стилови кога носите црно и на овој начин вашиот изглед нема да биде здодевен.
Тесната облека и „детските“ принтови го уништуваат стилот
Многу жени прават грешка кога избираат облека со „детски принтови“ бидејќи мислат дека така ќе изгледаат слатко, но и послабо.
Има и такви кои велат дека таквиот едноставен изглед можеби не е модерен, но е удобен.
Но, според Марина, многу е подобро да изберете тренерки и поудобна облека за секојдневните активности, во кои ќе покажете стил.
Важно е да не одите од еден екстрем во друг, бидејќи премногу широката облека е подеднакво лош избор како и претесната облека.
Погрешно го „криете“ стомакот
Многу жени ја ставаат блузата врз панталоните или здолништето и на тој начин уште повеќе го истакнуваат стомакот, иако се обидуваат да го скријат.
Наместо тоа, ставете ја маичката/блузата внатре во панталоните или здолништето.
На овој начин ќе го издолжите торзото.
Одозгора можете да облечете џемпер или палто.
Здолниште со погрешна должина
Кога купувате здолниште, тоа нека биде од подебел материја, кој „паѓа“ убаво, наместо да ви се лепи за телото и да ве оцртува.
Дополнително, важна е должината на здолништето – тоа во никој случај не смее да е до колената, бидејќи на тој начин визуелно ќе си додадете килограми.