6 причини зошто треба да пробате секс пред огледало за да ја зголемите возбудата и самодовербата (18+)
Една од причините заради кои некои луѓе не ја сакаат кучешката поза е затоа што немаат контакт со очи – употребата на огледало во целост ќе го промени искуството.
Честопати се спомнува дека употребата на огледало може да направи интимните мигови да бидат поинтензивни и поинтимни.
Некои ќе бидат возбудени од тоа што имаат можност да го видат партнерот од повеќе агли, а други затоа што ќе се гледаат себеси.
Како и да е, сексот пред огледало е нешто што треба да го пробате доколку сакате да пробате нешто поинакво и што во секој случај може да ви помогне да ја зголемите сопствената самодоверба.
Предигра пред огледало
Почнете го интимниот чин полека. Можете предиграта да ја почнете пред огледало во спалната соба и да се гледате себе како разменувате бакнежи и нежности.
Стриптиз пред огледало
Партнерот нека седне во удобна фотелја, а вие изведете стриптиз пред него. Сигурно целото искуство ќе биде поинакво кога ќе може да ве види
Кучешка поза пред огледало
Една од причините заради кои жените не ја сакаат кучешката поза е затоа што немаат контакт со очи со партнерот, но ако ставите огледало пред вас – тоа целосно ќе го промени искуството.
Каубојка пред огледало
Кога користите огледало за време на секс, честопати можете да видите работи што вообичаено не ги гледате. Ставете огледало пред креветот додека партнерката е во секс позата каубојка и уживајте.
Орален секс пред огледало
Оралниот секс пред огледало може да биде сосема поинакво доживување кога и двајцата партнери ќе се гледаат како изгледаат за време на овој интимен чин.
Секс под туш пред огледало
Сексот под туш е незаборавен кога во ваша близина има огледало. Задолжително погледнете како изгледа вашиот интимен чин во огледалото.
Б. С. Б. | Црнобело