„Ќе иницирам секс почесто“ и уште 9 новогодишни ветувања за повозбудлив интимен живот (18+)
Почесто иницирајте секс, не се грижете колку пати ќе имате односи, туку какви ќе бидат - кои се 10-те клучни предновогодишни ветувања за сексот што треба да си ги дадете според секс терапевт?
Сите знаеме дека новогодишните ветувања се нешто што го даваме и веќе на 1-ви февруари дел од нив ги забораваме, а до дел од нив се држиме.
Според секс терапевтот Трејси Кокс треба да си поставите 10 ветувања што ќе ви помогнат следната година да ви биде незаборавна на интимен план.
Кои се десетте ветувања за сексот што треба да си ги дадете?
Немојте да се срамите да иницирате секс (што е можно почесто)
Ако вашиот партнер е тој што најчесто иницира секс, тоа значи дека вие ја прифаќате понудата само за да ја задоволите нивната потреба.
Во моментот кога вие ќе иницирате сексуален однос, вие упатувате порака дека се чувствувате привлечно и на тој начин покажувате дека сте доминантни - погледни ме, се чувствувам секси!
Не се грижете колку често имате секс (туку каков секс имате)
Најчестата грешка што паровите ја прават е во тоа што се сконцентрирани на тоа колку често имаат секс, а не на тоа каков секс имаат.
Сексуалното задоволство не се мери со бројот на сексуални односи, туку со расположението, поврзаноста и интимноста меѓу партнерите.
Сексот не значи само однос
Сексот не е само сексуален однос, туку тој подразбира каков било вид еротска стимулација.
Дали ќе го обвините партнерот за неверство ако го забележите како бакнува некој друг и има долга предигра со него? Секако.
Не брзајте само да имате секс, дајте си можност понекогаш да уживате и само во размена на нежности и предигра.
Бидете љубезни со сопственото тело
Тука не се мисли само да се храните здраво, да вежбате и да се обидете да избегнете стрес.
Обидете се да не бидете премногу самокритични ако вашата телесна фигура не ги исполнува општествените стереотипи наметнати од социјалните мрежи.
Невозможно е да бидете самоуверени на сексуално ниво, без да имате позитивно мислење за сопственото тело: опуштете се и обидете се да ги прифатите како сопствените, така и мааните на партнерот.
Сексот нека биде игра
Најголем дел од луѓето сексот го прифаќаат премногу сериозно. Се случува да останеме збунети, ако партнерот одеднаш почне да се смее или да разговара со нас, па ни се чини дека не е сконцентриран на тоа што треба да го направи.
Секс сесијата што е исполнета со страст во некој период, па потоа продолжува со игра и шега, а потоа продолжува со страст и здрав однос. Тоа покажува дека не се обврзувате со правилото: „Фокусирај се! Имаме секс... Мора да си сконцентриран...“