„Ќе иницирам секс почесто“ и уште 9 новогодишни ветувања за повозбудлив интимен живот (18+)
Направете листа на цели што сакате да ги остварите
Супер е кога имате цели – особено ако се забавни.
Можете да направите список на работи што сакате да ги реализирате сами или со партнерот, а ако немате идеи, побарајте на интернет, сигурно ќе најдете веќе готови примероци.
Сите искуства, пози, техники, па и места каде што би сакале да пробате да имате секс, можете да ги ставите на еден лист и да ги прецртувате откако ќе ги реализирате.
Не се чувствувајте виновно ако фантазирате за некој друг
Дали фантазирате дека водите љубов со некој друг додека сте со партнерот? Но, тоа не значи дека би сакале повеќе да имате секс со таа личност отколку со партнерот, нели?
Фантазиите се вообичаени кај паровите што долго време се заедно, а тие служат како афродизијак што ќе им овозможи да почувствуваат нешто ново.
Пробајте нешто ново
Најчесто жените се тие што имаат поголема потреба за нешто ново во сексот, а според Трејси Кокс, најчесто припадничките на понежниот пол се и тие што почесто почнуваат да одбиваат да имаат секс со партнерот, затоа што тој веќе нема да ѝ понуди нешто ново и искуството станува монотоно.
Жените треба да бидат поотворени за нови искуства, а мажите треба да се потрудат да внесат нешто ново и позабавно, што ќе помогне сексот повторно да стане возбудлив.
Немојте да имате само механички секс
Паровите што се долго време заедно веќе имаат добро воспоставена рутина: знаат што треба да направат за да го доведат партнерот до оргазам, а за некои луѓе сексот е само тоа, брзање кон целта.
Оргазмите се добри, но ако целото сексуално искуство се сведува на петминутно трчање до целта, тогаш немате потреба од партнер.
Обидете се да пробате нешто ново и да ја избегнете веќе утврдената рутина.
Зборувајте за сексот почесто
Знаете дека треба отворено да разговарате со партнерот за сексот, но колку често го правите тоа?
Ако отворено разговарате за сите проблеми, тогаш лесно можете да најдете заедничко решение, така е и со сексот.
Кога не зборувате отворено за проблемите со кои се соочувате, оставате простор партнерот да си создаде милион претпоставки, што со сигурност се многу пострашни од она што навистина се случува.
Б. С. Б. | Црнобело