5 секс трендови за 2023 година (18+)
Отворените разговори за женската сексуалност ќе бидат во првите редови на нашиот сексуален живот и врските, паметните секс играчки, па и аналниот секс, се на врвот на листата за секс трендови во 2023 година. Што од ова ќе испробате или веќе сте пробале?
Сексуалната благосостојба е исто толку важна како и менталната и физичкатa. Не само што може да ги подобри нашите односи, туку редовниот пријатен секс може да го намали ризикот од депресија, па дури и да го подобри нашиот имунолошки систем.
Всушност, ако се трудите да ја зачините вашата врска, тоа може да има придобивки во и надвор од спалната соба. Додека трендовите доаѓаат и си одат, секс трендовите за 2023 година не вклучуваат нови пози, туку како да го подобрите нивото на итнимност во врската.
Отворена интимност
Отворените разговори за женската сексуалност ќе бидат во првите редови на нашиот сексуален живот и врските.
Глобалното истражување на Lovehoney покажало дека кога се учи за мастурбацијата, Интернетот (39%) игра подеднакво важна улога, како и испробувањето работи сами или во врската (41%) за младите луѓе помеѓу 18-24 години.
Поставувајќи го истото прашање на луѓе на возраст од 35 години и постари, мнозинството научиле како да се сакаат самите само затоа што го испробале (53%) и зборувале за тоа со својот партнер/ка.
Секс играчки
Додека сајберсексот и виртуелните искуства се здобија со популарност за време на пандемијата, луѓето повторно бараат нови искуства во реалниот свет.
Наместо целосно виртуелно секс-искуство, луѓето го сакаат најдоброто од двата света.
Секс играчките стануваат попаметни: некои нудат поврзување со апликации, други се опремени со функции за греење или можат автоматски да ги приспособат вибрациите.
Вакви играчки можат да се купат онлајн, но и покрај нивната популарност во светот, досегашните обични секс играчки нема да излезат од тренд.
Бавно запознавање и сексуални фантазии
По две години оддалеченост и изолација, обновената желба за интимност ја разнишува културата на запознавање.
Како резултат на тоа, интровертите се повеќе заинтересирани за „бавна љубов“, давајќи им приоритет на емоционалната поврзаност и значајните разговори, истовремено обезбедувајќи сексуална компатибилност.
Според Lovehoney, 44% од жените и 37% од мажите во Европа се впуштаат во темата за сексуалните желби и фантазии во првите три месеци од состанувањето.
Анален сек
Кога станува збор за аналниот секс, сè уште постои стигма што ги спречува многу луѓе да го испробаат. Но, ако двете страни се заинтересирани и отворени за истражување, има многу да се открие и да се ужива.
Ова им овозможува на паровите да станат пoкреативни во спалната соба, да истражуваат и да се запознаат подлабоко.
ASMR во спалната
ASMR или автономниот сензорен меридијански одговор - има многу придобивки и во спалната соба и ќе биде клучен дел од секс трендовите во 2023 година.
Како и стандардниот ASMR за спиење, ова одлично сетилно искуство може да го зголеми задоволството за време на сексот. Како?
Ако му шепнете на увце на партнерот и почнете да го/ја галите нежно почнувајќи од косата преку вратот па надоле.
Кога повеќе луѓе ќе изберат да се фокусираат на задоволството, тогаш во спалната соба може да се воведат сексуални новитети.
Фокусот на сексот повеќе не е на постигнување оргазам, туку на доживување задоволство, а можеме да постигнеме задоволство што не бара пенетрација.
M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com / pixabay.com